About The Speaker
Славимир Стојановиќ
Брединг – од флерт до сериозна врска Славимир Стојановиќ Футро е белградски дизајнер, визуелен уметник, автор и професор. Неговите дела имаат освоено повеќе од 300 награди низ целиот свет и објавени се во списанија, публикации, галерии и музеи. Тој дури успеа да стане дел од енциклопедискиот том на Taschen – „Историја на графичкиот дизајн, 1960 – денес“. Има издадено две илустрирани книги за деца од серијата „Авантурите на Синги Лумба“, кои се наградени. Неговиот прв роман „Девет“ има веќе седум изданија. Тој е креатор на лајфстајл-брендот Futro, како и на спортскиот бренд Yebossi Mukewu. Говорник е на TEDx, гостин-предавач во SVA Њујорк и професор на Факултетот за применети уметности во Белград. Во неговата презентација на Skopje Marketing Summit ќе зборува за создавање брендови – од име и визуелен идентитет до комуникација – преку примери со лични опсервации, анегдоти и животни лекции.