About The Speaker
Игор Божиновски
Неговата бизнис-приказна почнува во 1996 година во Битола, со отворањето на првото продажно место за златен накит под брендот „Божиновски“ во Старата чаршија. Набргу по формирањето, благодарение на силната пасија, „Божиновски“ станува официјален застапник на швајцарскиот бренд часовници Swatch за Македонија и низ годините се позиционира на врвот во секторот трговија, пред сè, поради препознатливиот имиџ и неприкосновен перфекционизам. Во наредните години, водена од популарниот слоган на Swatch „Секогаш различен, секогаш нов“, компанијата стана препознатлив бренд што секогаш користи неконвенционални комуникациски алатки, преку кои се слави различноста. На тој начин, брендот гради силни врски со своите клиенти долгорочно и стратешки. Благодарение на таа бренд-филозофија, чекор по чекор, покрај на Swatch „Божиновски“ станува главен застапник и на други престижни брендови часовници и накит како: CK, Tissot, Longines, Omega, Tag Heuer, Damiani итн. Освен сопственик на „Божиновски часовници и накит“, Игор е и пасиониран пилот со долгогодишно искуство во раководењето на воздухопловни институции во земјава. Тој е со 12-годишен мандат како претседател на „Аероклуб Битола“ и 6-годишен мандат како вицепретседател на Воздухопловната федерација на Македонија. Од неодамна е и член на Управниот одборот на фестивалот „Браќа Манаки“, со што ги поврзува своите две најголеми пасии – воздухопловството и филмот. Уште од основањето на неговата компанија, Игор е силен подржувач на културата и уметноста во нашата земја.