a
Don’t _miss

Wire Festival

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nullam blandit hendrerit faucibus turpis dui.

<We_can_help/>

What are you looking for?

>Данчо Димков
speaker_info

About The Speaker

Данчо Димков

Данчо Димков е сериски претприемач, основач и извршен директор на BizzBee Solutions. Но, најмногу од сè, тој е силен поборник за напредок. Тој едноставно е инспириран од растот и напредокот на луѓето, компаниите, односите и деловните активности. Споделувајќи го своето знаење, енергија и љубопитност во сè што прави, тој во текот на сета своја кариера го поттикнува личниот раст и развојот на другите со кои што соработува. Данчо им помага на организациите да растат и да се развијат градејќи мост меѓу самите компании и нивните идеални клиенти, на претприемачите да изградат атрактивни бизниси како и на вработените во развојот и подобрувањето на своите вештини. Тој е секогаш жеден за нова бизнис авантура и смета дека не е воопшто тешко да се прават нештата поинаку. Како сертифициран менаџмент консултант и сериски претприемач тој смета дека е негова должност да ги води малите претпријатија и бизниси на патот кон успехот. Дека тоа е негова должност потврдува и фактот што е горд сопственик на BizzBee Solutions, каде што се комбинираат разновидни услуги во едно целосно решение, правејќи го патувањето до успехот непречено и лесно. Данчо е човек со многу интереси покрај BizzBee. Тој е семеен човек и татко на три годишно дете. Како изгледа совршен ден за Данчо? Патување со неговото семјество и уживање во вкусна храна. На крајот на денот, сé се сведува на тоа да си присутен во сите сфери од животот, да растеш и да одржуваш баланс.

Придружете се на Skopje Marketing Summit на 20/05/2021