a
Don’t _miss

Wire Festival

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nullam blandit hendrerit faucibus turpis dui.

<We_can_help/>

What are you looking for?

>Лилиана Каимакан
speaker_info

About The Speaker

Лилиана Каимакан

Лилиана е водечки експерт за иновации, комуникација и деловна стратегија. Работи во FMCG индустријата и во рамките на луксузните индустрии, притоа соработувајќи со врвни компании како Unilever и Tata, каде што работи на светски брендови и портфолиа. Со долгогодишно искуство во маркетинг и лидерство, стекнато со работење на повеќе категории, различни брендови и во мултикултурни средини, Лилиана има огромни искуства во креирање стратегии и отворање на нови можности, водејќи ги бизнисите во неверојатен брз пораст. И сето тоа преку нејзината огромна енергија и постојан отворен пристап кон нови можности. Живеела и работела на повеќе меѓународни пазари, а има искуство во повеќе сектори – малопродажба, нега и хигиена, храна, луксузни производи, и тоа секогаш работејќи на нови иновативни проекти. Предавa на настани низ целиот свет на различни теми: маркетинг, повеќеканално и дигитално искуство на потрошувачот, Управување со промени, дисруптивни иновации и др. Лилиана е професор на Меѓународната школа за бизнис Хулт. Предава за трендови и иновации, како и бренд менаџмент. Страствена е кога се во прашање инспирацијата и можностите, како и порасти развој на луѓето и бизнисите. Таа е магистер по маркетинг и комуникации.

Придружете се на Skopje Marketing Summit на 20/05/2021