a
Don’t _miss

Wire Festival

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nullam blandit hendrerit faucibus turpis dui.

<We_can_help/>

What are you looking for?

>Стивен Трајковски
speaker_info

About The Speaker

Стивен Трајковски

Бидете подготвени за Web3! Стивен е технолог, претприемач и инвеститор со повеќе од 20 години искуство, кој им помага на компаниите да се развиваат преку технологии, операции и стратегија за луѓе. Тој креира глобални тимови и создаде ефикасни операции за поддршка на технологијата за дигитално рекламирање во Google, Facebook и за медиумската агенција Publicis. Тој, исто така, има искуство и во креирање маркетинг-алатки како менаџер на производи за издавачот на списанието Time Inc. Во последните неколку години Стивен се насочува кон новиот и возбудлив свет на Web3, blockchain, NFT и криптовалути. Тој моментално работи на развој на договори за dApps (првенствено заднина), проекти во Web3 и пишува за blockchain-технологија. Стивен е горд син на македонски емигрант во САД и живее во Калифорнија. Ужива во активности на отворено, учење јазик и секаква македонска храна и пијалаци! На Skopje Marketing Summit, Стивен ќе ни даде живописен опис на терминот web3, кој стана популарен во последниве години, како и за тоа што значи тој, што вклучува, што е најважно и како ќе влијае на дигиталниот маркетинг во иднина. Оваа сесија ќе ни ја дефинира моменталната состојба на дигиталниот свет, кој се смета за дел од Web3 и ќе им даде идеи на маркетерите, за тоа како да бидат во чекор со овој тренд.

Придружете се на Skopje Marketing Summit на 02/06/2022