About The Speaker
Јана Савиќ Растовац
Јана Савиќ Растовац е извршен креативен директор во агенцијата McCann – Белград. Таа верува дека страста поместува планини и се обидува тоа да го докаже преку проектите на кои работи. Како дипломиран социолог, Јана ја почнува кариерата пред две децении како копирајтер во рекламирањето, градејќи приказни и кампањи за некои од најпознатите домашни и странски брендови: Coca-Cola, Carlsberg, Mastercard, Delhaize, Bambi, како и за бројни организации преку про-боно проекти од пошироко општествено значење. За кампањите на кои работела заедно со тимот на McCann – Белград го има освоено првиот „Кански лав“ за Србија, а има освоено и награди на фестивалите: Effie, Eurobest, Epica, Golden Drum, The One Show, Weekend Media Festival, Kaktus и UEPS. Таа била и член на жири и предавач на многу меѓународни креативни фестивали (The Andy's, Clio, LIA, Young Lions, Eurobest, Golden Drum, NYF).