a
Don’t _miss

Wire Festival

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nullam blandit hendrerit faucibus turpis dui.

<We_can_help/>

What are you looking for?

>Екрем Дупановиќ
speaker_info

About The Speaker

Екрем Дупановиќ

Екрем Дупановиќ започнува да работи во рекламната индустрија пред 50 години. Првите 15 години работи во економско пропагандната програма на Радио Сараево (1970-1985), а потоа преоѓа во маркетинг агенцијата ОССА, каде што пет години го води тимот за спортски маркетинг. Во 1990 година, бил назначен за директор на југословенско-швајцарската агенција за маркетинг ИМС / СТУДИО 6 Југославија, основана заедно со ОССА и ИМС / СТУДИО 6 од Лозана. Наскоро по основањето, оваа агенција станува првата официјална агенција на југословенската влада на чело со Анте Марковиќ. Екрем има огромно искуство на работа на спонзорски проекти за големи меѓународни настани, како што се Зимските олимписки игри во Сараево 1984 година, Светското првенство во скијање во Сараево 1987 година, Европско првенство во атлетика „Сплит 1990“ , Светско првенство во скијачки летови „Планица“ 1994 „итн. По избувнување на војната во Босна и Херцеговина, тој ја основа својата агенција „Футура медиа“ со седиште во Сараево. Во 2003 година, тој започна да го уредува и издава списанието „Медиа Маркетинг“, а во 2011 година порталот „Медиа Маркетинг“, кој денес е еден од најрелевантните медиуми за комуникациската индустрија во јадранскиот регион. Од неодамна го основаше и порталот „Арт и бизнис“, кој се занимава со спонзорство во културата и уметноста. Автор е на пет книги. Во декември 2016 година, тој ја објави книгата The Best of Adriatic Creative Directors, во која на 380 страници ги претстави 26-те најуспешни креативни директори на јадранскиот регион и 130 од нивните најдобри кампањи. Во декември 2017 година беше објавена книгата Хотел Југославија од автобиографски карактер. Во април 2018 година беше објавена книгата Креативно портфолио 01 - Најдоброто во рекламирање на Јадранскиот регион во 2017 година, што ја подготви заедно со неговата ќерка Асја. Книгата на 400 страници претставува 160 комуникациски кампањи што беа наградени во 2017 година на национални и регионални фестивали. Во март 2019 година, заедно со Асја, ја објави втората книга Креативно портфолио со кампањи кои освоија фестивалски награди во јадранскиот регион (146 кампањи, 420 страници), а во март 2020 година го објави третото креативно портфолио. Тој е многу посветен на младите и се труди да ги поддржи во реализирање на успешни кариери. Еден од најголемите проекти на порталот Медиа Маркетинг е The Young Leaders for Tomorrow „Младите лидери за утре“. Во јуни минатата година, тој собра 80 млади лидери на комуникациската индустрија и предавачи од јадранскиот регион на четиридневна конференција која се оддржа на Јаподските острови близу Бихаќ. Оваа година конференцијата беше откажана поради ковид пандемијата.

Придружете се на Skopje Marketing Summit на 02/06/2022